Состојки:
(за 12 мафини)
- 2 јајца
- чаша јогурт
- 100 гр пилешки гради
- половина рендана тиквичка
- 5 лажици гриз
- 6 лажици интегрално брашно
- 2 супени лажици маслиново масло
- една лажица кари
- сол, бибер
Подготовка:
Се матат јајцата, се додава јогуртот, брашното, гризот и тиквичката. Пилешките гради исечкајте ги на парчиња, измешајте ги со претходната смеса и зачинете со сол, бибер и кари. Сè добро измешајте. Ако е премногу тенко, додадете уште малку брашно, ако е премногу густо додадете уште малку јогурт. Истурете во чаши за мафини и печете на 200 степени околу 35 минути, додека не поруменат.
На здравје!