ЌОФТИЊА ОД МОДАР ПАТЛИЏАН И КАШКАВАЛ

Состојки:

  • 2 средни модри патлиџани
  • 100 гр. рендан кашкавал
  • 2 лажици пармезан
  • 2 јајца
  • 80 гр. лебни трошки
  • 2 лажици ситно сецкан магдонос
  • 1 чешне ситно исецкан лук
  • сол и црн бибер
  • масло по потреба
  • лебни трошки за валкање на ќофтињата

Подготовка:

Модрите патлиџани измијте ги и ставете ги во тава обложена со хартија за печење. Тавата
ставете ја загреена рерна на 250 степени, за време од 30 минути. Печените модри патлиџани
извадете ги од рерната, завиткајте ги во најлонска кеса и оставете ги да се изладат. Ладните патлиџани излупете ги и исечете ги на парчиња. Ставете ги во цедалка да се исцеди
водата што ја пуштаат. Потоа, патлиџаните пасирајте ги со алатка за пире и ставете ги во длабок сад. Во садот со модри патлиџани додајте ги ренданиот кашкавал, пармезанот, јајцата, лебните
трошки, ситносечканиот магдонос, лукот и убаво измешајте. Смесата насолете ја и наросете
мелен црн бибер. Од смесата, со рака формирајте ќофтиња. Ќофтињата извалкајте ги во лебни трошки и пржете ги во тава со загреано масло, на среден оган. Пржените ќофтиња од модар патлиџан ставете ги на кујнска харија, за да се впие вишокот масло, а потоа сервирајте ги и послужете.

На здравје!