ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД ЧАЈОТ ОД БРУСНИЦА

Бубрезите се одговорни за исфрлање на токсините, одржување на pH на крвта, балансирање на електролитите и производство на одредени хормони.

Како такви, тие се многу важни за правилното функционирање на целиот организам. Посебно внимание треба да се посвети на нивното здравје. Со цел да се спречи формирањето или да се помогне да се исфрлат веќе формираните камења во бубрезите, чајот од брусница е исклучително корисен.

Брусницата е богата со антиоксиданси, витамин Ц и влакна, а токму поради својот богат состав е многу моќна во лекувањето на голем број здравствени проблеми. Оваа билка содржи и урсолна киселина, која има неверојатни антиинфламаторни својства.

Потекнува од Северна Америка, а најлековитиот дел од растението се бобинките. Има слатко-кисел вкус и со децении е дел од традиционалната медицина.

Само една шолја чај дневно е доволна за да го направите вашето тело поздраво

Чајот од брусница помага за заштита на здравјето на бубрезите, но и за исфрлање на камењата, а еве кои други лековити својства ги има:

Свежата брусница, како и чајот, се користи во превенција и третман на сите видови бактерии на уринарниот тракт.

Тој е одличен лаксатив, го помага варењето, ја стабилизира работата на дигестивниот тракт.

Добро се докажа во превенција и третман на гонореја, артритис и ревматизам.

Погоден е за дијабетичари, бидејќи го регулира нивото на шеќер во крвта.

Го чува здравјето на црниот дроб, а редовното вежбање го поттикнува исфрлањето на насобраните токсини.

Лечи инфекции на кожата, очите и генерално е добар во лекувањето на бактерии и габи.

Го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем