Експертите наведуваат дека е неопходно да се пие вода пред, после и за време на самиот тренинг. Човечкото тело се состои од повеќе од 70 проценти вода и без соодветна хидратација секој ден, телото не може да функционира, пишува Eatthis , пренесува citymagazine.danas.rs.
Недоволното внесување вода може да предизвика многу здравствени проблеми како што се дехидрација, камења во жолчката и дигестивни нарушувања. Водата помага во одржување на нормалната телесна температура и обезбедува заштита на ‘рбетот и ткивата.
За време на вежбањето, помага во одржување на концентрацијата на гликоза во крвта и го подобрува времето на закрепнување. Затоа, спортистите и рекреативците треба добро да се хидрираат пред вежбање и да пијат доволно течности за време и по вежбањето, за да се балансира загубата на вода во организмот, истакнуваат експертите.
Најдобар начин да проверите дали пиете доволно вода на дневна основа е да внимавате на бојата на урината.
Ако бојата е светло жолта или безбојна, тоа значи дека имате доволно вода во телото, но ако бојата е темно жолта или златна, тоа е показател дека треба веднаш да почнете да пиете повеќе вода.


