Состојки:
1 лажица масло
1 кромид, сецкан
1 целер, сецкан
1 чешне лук, мелено
400 гр. бел грав, варен
1 коцка пилешка супа
¼ лажичка мелен црн бибер
1/8 лажичка сушена мајчина душица
2 чаши вода
неколку ливчиња спанаќ, сецкан
1 лажица сок од лимон
малку магдонос
Подготовка:
Загрејте го маслото во големо тенџере. На кратко пропржете го кромидот и целерот. Додадете го лукот и пржете со постојано мешање. Додадете го гравот, пилешката супа, биберот, мајчината душица и двете чаши вода. Оставете да зоврие, намалете го огнот и оставете да врие под капак 15 минути.
Користете лажица со дупчиња – цедалка, извадете ги од смесата гравот и зеленчукот во сад и оставете ги настрана. Потоа испасирајте го гравот и зеленчукот и вратете ги во водата каде што се вареа.
Повторно оставете да зоврие, мешајќи. Потоа додадете го спанаќот малку да се обари околу 1 минута. Ставете магдонос за декорација, зачинете со сок од лимон и послужете.
На здравје!