Знаете колку е важна водата за секој од нас. Затоа лекарите советуваат да се пијат најмалку 2 литри на ден. Но, што ако ги замените сите пијалоци со вода? Ефектот ќе биде неверојатен!
- Вашето тело ќе се исчисти од токсините кои се акумулираат со текот на времето. Доволната количина на вода помага за полесно чистење на телото од отрови и го спречува предвременото стареење.
- Метаболизмот ви се забрзува и се чувствувате поенергични. Само две чаши ладна вода наутро се доволни за да го забрзате вашиот метаболизам за 24 проценти.
- Вашиот мозок ќе работи подобро. Ќе се концентрирате многу подобро и ќе паметите повеќе.
- Ќе јадете помалку. Водата во доволна количина го потиснува апетитот, што помага полесно да се одржувате во форма.
- Соодветно – побрзо слабеете. Со пиење само вода 9 дена, согорувате исто количество калории како да сте трчале 8 километри на ден.
- Вашето срце ќе работи подобро. Околу 5-6 чаши вода дневно го намалуваат ризикот од срцев удар за 41 отсто.
- Кожата ќе ви биде почиста и помека. Добро хидрираната кожа е поздрава, поеластична и посвежа.


