ЗАМЕНЕТЕ ГИ СИТЕ ПИЈАЛОЦИ СО ВОДА И ВИДЕТЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ

Знаете колку е важна водата за секој од нас. Затоа лекарите советуваат да се пијат најмалку 2 литри на ден. Но, што ако ги замените сите пијалоци со вода? Ефектот ќе биде неверојатен!

  1. Вашето тело ќе се исчисти од токсините кои се акумулираат со текот на времето. Доволната количина на вода помага за полесно чистење на телото од отрови и го спречува предвременото стареење.
  2. Метаболизмот ви се забрзува и се чувствувате поенергични. Само две чаши ладна вода наутро се доволни за да го забрзате вашиот метаболизам за 24 проценти.
  3. Вашиот мозок ќе работи подобро. Ќе се концентрирате многу подобро и ќе паметите повеќе.
  4. Ќе јадете помалку. Водата во доволна количина го потиснува апетитот, што помага полесно да се одржувате во форма.
  5. Соодветно – побрзо слабеете. Со пиење само вода 9 дена, согорувате исто количество калории како да сте трчале 8 километри на ден.
  6. Вашето срце ќе работи подобро. Околу 5-6 чаши вода дневно го намалуваат ризикот од срцев удар за 41 отсто.
  7. Кожата ќе ви биде почиста и помека. Добро хидрираната кожа е поздрава, поеластична и посвежа.