Нечистиот воздух и штетните влијанија од околината можат негативно да влијаат на кожата. Вака се појавуваат несовршености и нерамномерен тен. И додека можете да најдете многу и разновидни третмани во козметичките салони за да го подобрите изгледот на вашата кожа, постои една природна маска која може да ви помогне и вам. Нема да ви требаат многу пари и посети на спа центар за да постигнете супер мазна кожа. За да ја изедначите текстурата и тонот на кожата, ви препорачуваме да пробате едноставна маска за која ќе ви бидат потребни само три состојки – јогурт, мед и куркума. За да ја подготвите оваа маска, се што треба да направите е да ги комбинирате сите состојки и веднаш да ја нанесете на лицето. Јогуртот, како и млекото, содржи млечна киселина, која прави видлива разлика на кожата со пилинг на грубите површински клетки за откривање на новите. Благодарение на медот, кожата ќе стекне чувство на мекост и еластичност, а куркумата е корисна за израмнување на пигментацијата.
МАСКА ЗА ЛИЦЕ СО ЈОГУРТ И МЕД ЗА ИЗЕДНАЧЕН ТЕН

