ДНЕВЕН ХОРОСКОП 09.02.2023 ГОДИНА

Овен
Дајте си оддишка, не вреди да се изложувате на голем ментален напор. Подобро да го оставите ризикот на другите и да избегнете сомнителни понуди. Сите знаеме дека љубовта може да биде лековита, затоа обрнете внимание на вашиот партнер кој веќе некое време се чувствува лошо.

Бик
Некој ги потценува вашите идеи и влијанието што го имате во деловните кругови. Со неколку добри потези можете да ги решите вашите проблеми. Изненадете ја вашата сакана на некој необичен начин. Доколку имате доволно фантазија, можно е сè да промените во позитивна насока.

Близнаци
Не ви се допаѓа тоа што страдате поради нечие самоволие или дека сте во инфериорна позиција во однос на вашите соработници. Непотребно се оптоварувате со разни теми кои ве оддалечуваат од саканата личност. Потребна ви е емоционална поддршка – побарајте ја.

Рак
Со неколку добри потези ќе успеете да направите повеќе од вашите соработници. Успешно ќе ги постигнете вашите намери на повеќе деловни полиња. Постои личност која ве возбудува и ви го привлекува вниманието повеќе отколку што сте подготвени да си признаете. Ќе ѝ делувате мистериозно.

Лав
Упорно објаснувате работи кои добро ги знаат вашите колеги и соработници, но не се ни осмелуваат да ги прифатат во пракса. Ако имате желба да го изненадите партнерот, размислете како треба да му ги претставите своите идеи. Постои веројатност дека ќе бидете погрешно разбрани.

Девица
Нема причина да ги мистифицирате вашите деловни планови или да игнорирате нечие присуство. Ќе постигнете успех и без мали измами. Покажете повеќе разбирање и нежност кон вашата сакана личност. Ако постои причина поради која луѓето ве сакаат, тоа е вашата смиреност и способност да ги сослушате.

Вага
Не се обидувајте да ги измамите соработниците со не толку убедлива приказна и да ја потценувате туѓата остроумност. Време е да ги прифатите грешките. Ќе ѝ делувате вознемирено на околината и ќе побарате нечија прошка. Ќе бидете изненадени дека, всушност, саканата личност ќе ви прости. Секој заслужува втора шанса.

Скорпија
Ќе ви биде потребна дополнителна претпазливост за време на деловните состаноци со колегите. Подобро размислете за новите деловни можности. Во моментов, љубовта и задоволството не ви одат заедно. Партнерот одеднаш ќе почне да ви поставува прашања кои ќе ве вознемират.

Стрелец
Информациите што ќе ги добиете ќе ги потврдуваат вашите очекувања за понатамошниот развој на настаните на деловната сцена. Не ги потиснувајте вашите желби, постои личност која ќе сака да ви ги возврати чувствата. Бидете отворени и ќе се изненадите од тоа колку љубов ќе почувствувате.

Јарец
Побарајте нечија поддршка или професионално мислење пред да донесете важна одлука. Секоја форма на добар совет ќе ви биде од голема помош. Партнерот ќе ви биде многу вознемирен, што, исто така, ќе ви го наруши расположението. Нема да успеете да ги задоволите неговите потреби.

Водолија
Кога ќе ги усогласите вашите интереси со деловните цели, ќе ве очекуваат позитивни резултати. Покажете повеќе чувство за практичните вредности. Некој ќе ве поттикне да донесете важна одлука. Нема да можете да ја негирате вашата одговорност пред една ваша блиска личност.

Риби
Не дозволувајте некој друг да зборува за вас, проценете кога треба да ја преземете контролата врз важните настани. Треба да му објасните на партнерот што влијае на вашата ненадејна загриженост. Не ги потиснувајте вашите чувства, туку кажете му што ви пречи. Нема да згрешите.