ДАЛИ ЗАМРЗНАТАТА БРОКУЛА Е НАВИСТИНА ДОБРА ЗА ВАС?

Сите сме слушнале за бројните придобивки од брокулата и како треба да ја консумираме уште од мали нозе.

Но, дали знаевте дека замрзнатата брокула е исто толку корисна бидејќи содржи, покрај сите корисни материи, и многу сулфорафан.

Сулфорафанот е природно соединение кое се наоѓа во некои зеленчуци како што се зелката и карфиолот, но се наоѓа во особено големи количини во брокулата.

Оваа супстанца има многу здравствени придобивки, најмногу антиканцерогени, поради што е достапна и како додаток во исхраната.

Сулфорафан може да го намали ризикот од рак бидејќи го ограничува растот на клетките на ракот.

Покрај тоа, го намалува воспалението, што го штити здравјето на кардиоваскуларниот систем. Покрај придобивките наведени погоре, сулфорафанот го намалува нивото на шеќер во крвта, ја штити кожата од штетните ефекти на УВ зраците, го штити мозокот од оштетување и може да им користи на оние со аутизам.

Апсорпцијата на сулфорафан од брокула и никулци од брокула е речиси двојно зголемена кога тие се замрзнати.