Потребни состојки:
- 500 грама пилешко бело месо
- 300 грама шампињони
- 2 лажици масло
- 500 мл крем за готвење Моја Кравица
- сол и црн пипер
- 500 грама компири
- 50 грама путер Моја Кравица
Подготовка: На малку масло пропржете го пилешкото исечкано на коцки. Кога пилешкото ќе порумени, извадете го и оставете го на страна. Во истата тава во која се пржеше пилешкото пржете ситно сечкани печурки. Вратете го пилешкото и додадете сол и бибер, а потоа прелијте го кремот за готвење Моја Кравица.
Измешајте сè и оставете да врие уште 5 минути. Сварете ги компирите, процедете ги и додадете сол и путер. Измешајте и послужете со сочно пилешко во бел сос. Уживајте!