Состојки:
- 100 грама путер
- 175 грама шеќер во прав
- 75 грама кафеав шеќер
- 125 грама чоколадо (темно или млечно)
- 1 лажица масло
- карамелизиран шеќер
- 2 јајца
- 1 лажица екстракт од ванила
- 100 грама брашно
- ½ лажица прашок за пециво
- 2 лажици какао во прав
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте го калапот за тортата со масло. Измешајте го путерот, шеќерот во прав, кафеавиот шеќер, чоколадото и карамелизираниот шеќер во големо тенџере на тивок оган и мешајте додека не се изедначи. Потоа тргнете го тенџерето од оган. Измешајте ги двете јајца во сад. Во смесата од чоколадо додадете ги јајцата, екстрактот од ванила, брашното, прашокот за пециво и какаото во прав и добро промешајте. Истурете ја смесата во калапот за торта и ставете ја во рерна. Печете околу 25-30 минути. Потоа извадете ја чоколадната торта од рерна и оставете ја да се олади околу 30 минути и потоа послужете ја.
На задравје!