Потребни производи:
1 1/2 филџан леќа
1/2 филџан сушени домати
2 лажици маслиново масло
1 лажица таан од сусам
100 гр. ореви
1 чешне лук
1 лажиче ким
сол по вкус
бибер за посипување
Начин на подготовка:
Леќата натопете ја навечер. Сварете ја и оставете ја да се исцеди и да се излади.
Испечете ги оревите во рерна 10 минути. Ставете ги на памучна крпа и одвојте ги лушпите.
Во блендер прво сомелете ги оревите, а потоа додајте ги останатите производи – леќата, сувите домати, маслиновото масло, таанот од сусам, чешнињата лук, кимот и солта.
Блендирајте додека смесата не се изедначи.