Состојки:
– 8 јајца
– 60 грама мајонез
– 1 лажичка оцет
– 1 лажичка сенф
– морков, бибер во зрно и маслинки
Подготовка:
Сварете ги јајцата, а кога ќе се изладат, излупете ги. Исечете го тенко дното, доволно за да можат да стојат исправено. При врвот исечете цик-цак исечок и извадете го горниот дел. Извадете ја жолчката, а потоа додадете сол, бибер, мајонез, сенф и оцет. Добро соединете додека не добиете мазна смеса. Сипете го филот во шупливите белки, па покријте со импровизираната капа. Од зрната бибер направете очи, а од морковите стапала и нос.