Состојки:
– 250 грама брашно
– 150 мл млеко од соја
– две лажици шеќер
– две лажици масло
– ќесичка сув квасец
– прстофат сол
– масло за пржење
За филот:
– 200 гр маргарин
– 100 гр шеќер во прав
– ќесичка ванилин-шеќер
– две лажици џем од кајсии
Подготовка:
Измешајте ги брашното, сувиот квасец, шеќерот и прстофат сол. Додадете го млекото од соја и маслото и измешајте за да добиете глатко тесто. Покријте и оставете на топло место половина час да нарасне.
Во меѓувреме подгответе го филот. Пенесто изматете го маргаринот со шеќерот во прав и ванилиниот-шеќер. Додадете го џемот од кајсии и измешајте.
Кога тестото ќе нарасне, издвоете 12 до 15 топчиња. Секоја крофна расукајте ја на два сантиметри со сукало и оставете ги да нараснат 20 минути. Пржете ги на врело масло да поруменат од двете страни. Извадете ги на хартиена крпа да се исцедат и изладат, па наполнете ги со филот.