Мафините со боровинки се многу погодни за утрински или попладневен појадок за деца на училиште и за сите дома.
Потребни состојки:
185 гр брашно
100 гр шеќер во прав
1 лажиче прашок за пециво
прстофат сол
2 јајца
50 гр стопен путер
175 мл. млеко
1 ванила
кора од 1 лимон
175 гр свежи боровинки
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Брашното и шеќерот во прав просејте ги во сад и додадете ги прашокот за пециво и солта.
Во друг сад изматете ги јајцата со миксер, додадете го стопениот путер, млекото, ванилата и кората од лимон. Добро промешајте.
Направете дупка во сувата смеса и истурете ја течната смеса.
Се меша додека не се добие хомогена смеса. На крајот, додадете ги исушените боровинки и нежно измешајте со лажица.
Покријте ги калапите за мафини со хартија за печење или корпи за мафини и истурете од смесата до 1/2 од калапите за да има место да набабрат.
Печете околу 25 минути.
На здравје!