Состојки:
– 1 литар млеко
– 4 супени лажици сок од лимон
Подготовка:
Сипете го млекото во тенџере и варете додека не зоврие, а потоа додадете го сокот од лимон. Оставете го да се готви додека на површината не се формира жолта скрама (кожичка што се фаќа по површината на течности по долго стоење), а потоа процедете така што преку чисто тенџере ќе ставите сито. Кога добро ќе го процедите, добиеното сирење истурете го во блендер и додадете неколку лажици сурутка (ова е смесата што останува кога ќе го извадите сирењето). Наместо сурутка, можете да додадетеи маслиново масло. Добро изблендирајте и крем-сирењето е готово.