ОВИЕ 2 ЗНАЦИ ТРЕБА ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ, НА КРАЈОТ НА МАЈ 2023 ГОДИНА ВЛЕГУВААТ ВО КАРМИЧКИ ПЕРИОД

Последната сабота и недела од месец мај ќе бидат особено важни за 2 хороскопски знаци кои влегуваат во кармички период. Во текот на овие два дена ќе се соочат и ќе треба да расчистат со проблеми од кои бегаат подолго време.

ДЕВИЦА

Во текот на изминатите неколку месеци, навидум мало недоразбирање во вашето семејство се претвори во многу поголем конфликт. Ти иако имаш прилично огнена природа и не се плашиш лесно, избра да се преправаш дека ништо не е во ред овој пат.

Од 27.05 (сабота) до 28.05 (недела) влегувате во кармички период кој ќе извади на виделина сè што не е кажано и сега е време да се однесувате максимално дипломатски за да ја расчистите тензијата. Овие кармички периоди не мора секогаш да се поврзуваат со лоши настани, нивната цел е попрво да ги расчистат работите и односите за кои не сме имале храброст да се грижиме. Доколку успеете да ја погледнете ситуацијата пофилозофски и да не им дадете премногу слобода на емоциите, сè ќе испадне во позитивна насока и ќе почувствувате олеснување.

ЈАРЕЦ

Јарци, доколку имате кредити, сега е време да ги вратите, бидејќи од 27.05 (сабота) до 28.05. 2023 година вашиот знак влегува во кармички период. Ова е време кога е многу веројатно дека ако ви се должат парите, тие на овој или оној начин ќе ви бидат вратени. Меѓутоа, ако должите, ќе дојде време кога ќе бидете принудени да платите. Сè што го одложувавте изминатите месеци сега ќе ви се натрупа на глава за да го решите. Кармичките периоди се како испит во кој универзумот проверува кои лекции сме успеале да ги научиме, затоа обидете се да бидете колку што е можно избалансирани и дипломатски дури и во најкомплицираните предизвици што ви ги фрла животот.