Сè уште имате пире од компири од претходниот ручек и не знаете што да направите со него? Пробајте ги овие вкусни триаголници, ќе бидете воодушевени.
Состојки:
4 компири
2 јајца
малку масло
2 дл млеко
1 квасец
лажица шеќер
сол
Начин на подготовка:
Додадете две јајца, малку сол, малку масло во пире од компири. Растворете 1 свеж квасец и лажичка шеќер во 2 дл млеко.
Додадете го млекото со стопениот квасец во пирето, измесете и додадете брашно, до таа мерка што смесата ќе се оддели од садот. Покријте со крпа, оставете да стаса околу половина час.
Расукајте го тестото, исечете го на квадрати или триаголници, и пржете на врело масло додека не порумени. Ставете ги пржените триаголници на хартиена подлога за да се впијат вишокот на маснотии.
Добар апетит!