Постигнувањето на финансиски успех е создавање начин на размислување и начин на живот изградени околу една цел: извлекување максимум од секој денар што го заработувате.
Значи, кога сте подготвени да ја преземете контролата врз вашите сопствени пари, животот и иднината – следењето на овие правила е одличен избор за почеток!
- Фокусирајте се да заработите, не да заштедите
Поминете помалку време да се грижите за тоа како да заштедите пари и повеќе време размислувајќи за тоа како да заработите повеќе. Размислете кои таленти ги имате и како би можеле да ги искористите.
Кога работите понапорно, всушност трошите помалку за себе – немате време и не сакате да го запрете текот на работата. Заштедете пари со фокусирање на креирањето.
- Елиминирање на лошите навики
Променете го начинот на кој размислувате за долговите и престанете да купувате пари. Не плаќајте камата за да позајмите средства што ги немате – освен ако не заработите повеќе пари од нив.
Креирајте си личен фонд за итни случаи и внесувајте 10 проценти од вашата плата. Како финасиска цел на овој фонд може да поставите сума која ги покрива вашите вкупни трошоци за три месеци. Кога имате пари резервирани за неочекувани трошоци како докторска сметка или поправка на автомобили, ќе бидете помалку под стрес. Исто така, нема да морате да влегувате во долгови кога ќе се случи неизбежното.
- Следете ги вашите финансии
Контролирањето на вашите избори може да ви помогне многу. Внимавајте на вашите секојдневни навики на трошење.
Ако трошите многу за ручек секој ден, размислете за домашно приготвен ручек наместо тоа. Јавен превоз наместо автомобил за на работа.
Постепено прилагодувајте се на нови навики и ќе ја зголемите вашата банкарска сметка.