КАКОВ БРАК ВЕ ОЧЕКУВА СО ПРЕТСТАВНИК НА ЗНАКОТ РАК?

Тие се емотивни, сензуални и посветени на семејството. Родените во знакот Рак, како и секој друг знак во зодијакот, имаат свои силни и слаби страни. Каков брак да очекувате со нив, погледнете во следните редови.

Рак жена во брак

Жената Рак во брак е исклучително грижлива и секогаш го покажува својот мајчински инстинкт. Таа е посветена на своето семејство, трпелива, секогаш одговара на потребите на другите. Со партнерот има топол однос и е негова голема поддршка.

Таа не поднесува да биде критикувана, но самата често ги критикува другите. Таа знае како да се однесува со својот маж, но сака да биде доминантен партнер во врската. И покрај посветеноста, жената Рак има променливи расположенија кои помалку или повеќе оставаат негативен впечаток на блиските.

Не знае да ги контролира емоциите, ретко гледа грешки во себе и уште поретко се извинува за нив. Во бракот и треба сигурност, особено финансиска. Понекогаш се чувствува несигурно за себе, што дополнително ја зајакнува нејзината доминантна природа.

Таа знае како да создаде удобност во домот. Во сексот таа е сензуална, нежна, а ако сакате да се омажите за жена Рак, ќе имате добри моменти доколку успеете да ги надминете тешкотиите на нејзиниот карактер.

Маж Рак

Мажите Рак се поделени на два вида. Првиот има префинети манири и е добар комуникатор. Тој работи напорно за да обезбеди добар живот за своето семејство. Сака удобност во домот, не е ситничар, интересна и привлечна личност е.

Вториот тип покажува постојана незаинтересираност за своето семејство, пасивен е, мрзелив и често има пороци кои деструктивно делуваат на бракот.

Гледајќи го целокупниот профил на мажот Рак, може да се каже дека има многу квалитети, го сака својот дом, но секогаш наоѓа за што да се пожали или критикува.

Од друга страна, тој е многу сензуален, романтичен и во повеќето случаи останува верен на партнерот. Но, верноста во љубовта доаѓа само доколку во домот има целосно задоволство. Во сексот сака сексуални игри, но не секогаш ги споделува со партнерот бидејќи се плаши да не биде отфрлен.