Потребни состојки:
1 пакување замрзнато лиснато тесто
1 јајце
15 парчиња сланина
Поготовка:
Работната површина набрашнете ја и расукајте го одмрзнатото лиснато тесто до дебелина од 2-3 милиметри. Сланината исечкајте ја на долги и тенки парчиња.
Намачкајте го тестото со изматено јајце и исечете го на ленти малку пошироки од парчињата сланина.
Ставете ја сланината на секоја лента од тестото и свиткајте во тркалање со извртување на спротивните краеви од тестото. Се ставаат во плех обложен со хартија за печење и се премачкува со јајце.
Печете ги околу 15 минути во загреана рерна на 200 Целзиусови степени.
На здравје!