КОИ СЕ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ КОИ НИКОГАШ НЕ ИЗНЕВЕРУВААТ?

Риби
Рибите се еден од најчувствителните знаци во хороскопот. Тие не би направиле ништо за да го повредат својот партнер. Дотолку повеќе што знаат дека и самите ќе страдаат крајно длабоко доколку им се нанесе такво нешто.

Рибите се многу сочувствителни. Тие многу добро ги чувствуваат другите. Знаат и како би се чувствувале доколку нивната најсакана личност би им направила такво нешто.

Рибите едноставно немаат став да изневерат бидејќи тоа не влегува во нивниот морален барометар. Тие се повеќе подготвени да направат се за да го усреќат партнерот отколку да ги изневерат.

Бик
Биковите се едни од најистакнатите домаќинки во хороскопот. Го обожаваат семејното огниште и топлина. За нив неверството е непростливо, затоа помислата на ваков чин не ни поминува низ глава. Овој знак длабоко верува во семејните вредности.

Бикот не би ризикувал да го уништи она што го постигнал во врската или бракот. Истото го очекуваат и од своите партнери. Покрај тоа, овој знак е исклучително практичен и не се занесува лесно.

Биковите се повеќе склони да разговараат за проблемите со партнерот отколку да лажат и кријат работи кои ќе ги поткопаат темелите на нивната врска.

Вага
Вагите сакаат мир во врските. Тие се напнати при помислата на проблеми и конфликти, уште повеќе предизвикани од таков чин како неверство.



Тие навистина веруваат во љубов засекогаш и повеќе би сакале да споделуваат со партнерот доколку имаат проблем отколку да се кријат и да бараат љубов на друго место и тајно.

Вагите не би толерирале партнерот да ги изневерува, па тие самите не го прават тоа. За нив, правичноста и чесноста се една од најважните вредности во една врска.

Кога се заљубени и го сакаат својот партнер, последното нешто на што би помислиле е изневерувањето.

Девица
Девиците се еден од најпрагматичните и најприземните знаци. Тие имаат способност исклучително добро да ги разберат луѓето и тоа им помага во врските.

Тие никогаш не би изневерувале затоа што обично се водат од многу длабок морал и вредности кои не им дозволуваат ниту да размислуваат за изневерување.

Девицата има и многу силно чувство за достоинство. Тоа ги спречува да си дозволат да изневеруваат, бидејќи доколку ги фатат на дело, тешко дека би го поднесле срамот. Девиците многу често ги критикуваат своите партнери за разни морални престапи.

Токму поради тоа тие самите би сакале никогаш да не го прекршуваат законот на љубовта, бидејќи веруваат во тоа колку е правилно врските да се искрени и полни со доверба, а не да се обележани со лаги.