Состојки за веганска нутела:
2 шолји лешници (печени и несолени)
1/2 шолја сирово какао во прав (или какао)
1/3 шолја јаворов сируп
5 урми
3/4 шолја вода
1/4 лажичка морска сол
1 лажичка кокосово масло
1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Додадете ги лешниците во блендерот. Блендирајте додека смесата не се изедначи како путер од кикирики . Потоа додадете ги останатите состојки и блендирајте додека Нутелата не стане кремаста. Доколку е потребно, можете да го засладите или да додадете вода. Чувајте го во тегла во фрижидер две до три недели.