ПОЛНЕТИ МЕДЕНКИ СО ОРЕВИ

Состојки:
4 чаши брашно
2 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша масло
5 лажици мед
2 лажички сода бикарбона
1 лажица оцет
2 лажички ванила

Фил:
1 чаша свежо млеко
1 чаша мелени ореви
80 гр. кравји путер
2 – 3 лажици џем по избор
една лажичка ванила

Подготовка:
Од наведените производи за тестото, направете хомогена смеса.

Поделете го тестото на четири дела. Обликувајте го секој дел во должина. Исечете го секој дел на 18 парчиња.

Од нив се формирајте топчиња со големина на мал орев. Наредете ги во плех на растојание едни од други, на хартија за печење.

Tопчињата печете го во загреана рерна на 180 степени додека не заруменат 10-12 минути. Откако ќе се изладат, користете нож за да издлабите мал дел од долната страна на сите топчиња.

Наполнете го на следниов начин:

Измешајте ги трошките од изрежаните колачи со чашата ореви, грубо мелени, а потоа истуретеја чашата врело млеко и ванилата. Додека е жешка смесата, додадете го путерот и добро промешајте. Можете исто така да додадете 2-3 лажици џем.

На здравје!