ШТО ДА ЈАДЕТЕ ПРЕД ТРЕНИНГ?

Компири – дали многу се потите за време на тренингот? Печен компир со малку сол е совршен рецепт за да го одржите метаболизмот на електролитите во нормална форма. Тие, натриумот и калиумот помагаат да се врати рамнотежата на течностите во и околу клетката и ги тераат мускулите правилно да се контрахираат.

Пилешки копан- потемното пилешко не е масно како свинското, но содржи и доволно железо, цинк и витамини од групата Б, што ни требаат за здрава исхрана и повеќе енергија.

Банани – содржат голема количина калиум, кој ги ублажува грчевите во мускулите, како и солидна количина јаглехидрати кои обезбедуваат енергија. Една банана содржи 400 мг калиум и 29 гр јаглени хидрати – колку што има две парчиња леб од интегрално брашно.

Хумус – сложени јаглехидрати, протеини и незаситени масти – вистинските состојки кои ќе ве наполнат со енергија. И во 3 лажици хумус има само 70 калории!



Јајца – дури и не размислувајте за отстранување на жолчките – тие се одличен извор на железо и лецитин, кои се исклучително добри за мозокот. И, за што служи вашиот мозок во спортот? Обидете се да вежбате јога без него.

Моркови – нивните сложени јаглехидрати обезбедуваат енергија на мускулите, а калиумот го контролира крвниот притисок и мускулните контракции. Дополнителен бонус е дека тие се многу малку калорични.

Лосос – да, тој е исклучително добар за срцето, но според новата студија, лососот помага и во губење на маснотиите околу струкот.

Шумски плодови – колку потемна боја имаат, толку повеќе хранливи материи имаат. Само неколку капини или боровинки содржат моќна доза на антиоксиданти кои ги штитат мускулите од оштетување на слободните радикали.