КРЕМ СУПА СО КОМПИРИ И ТИКВИЧКИ

Продукти:
2 суперни лажици путер
2 главици кромид ситно насечкан
2 големи компири, излупени и насечкани
8 мали тиквички излупени, насечкани
1/2 мала лажичка сушен босилек
1/4 мала лажичка сушена мајчина душица
1/4 мала лажичка сушен рузмарин
1/4 мала лажичка црн бибер
4 чаши вода со една пилешка коцка за супа
1 чаша млеко
1/4 мала лажичка црвен лут пипер (по желба)
1 лажица сос од соја
4 супени лажици свеж копар

Подготовка:
Растопете го путерот во тенџере на средна топлина. Во него пропржете го кромидот.
Мешајте додека не стане проѕирно или околу 5 минути. Додадете ги сечканите компири, тиквичките, зачините.
Продолжете да мешате уште 5-6 минути или додека тиквичките не станат меки.
Додадете го пилешкиот буљон ги варете уште 20 минути, додека и компирот не омекне.
Изматете ја супата со помош на блендер или процесор за храна додека не се изедначи.
Потоа додадете го млекото, измешајте да се соедини, но не дозволувајте да зоврие на шпоретот.
На крај додадете лут пипер (по желба).
Посипете со свеж копар и послужете.
По желба додадете коцки од печено лепче.