Состојки:
- 1/2 кг компири
- 70 гр кромид
- сол
- бибер
- 90 гр брашно
- масло
Подготовка:
Исчистениот и измиениот зеленчук изрендајте го. Додадете сол и бибер, измешајте добро, а потоа додадете брашно и повторно добро измешајте. Обликувајте ги плескавиците со рацете.
Пржете во загреано масло околу пет минути од едната страна и пет минути од друга страна, додека не заруменат.
На здравје!