Пица без тесто од брашно ?? Дали е можно?
Секако дека е можно. И во интерес на вистината е дури и многу вкусно! Направена е од „тесто“ од карфиол и моцарела сирење со босилек.
Вкусно и корисно. Не наметнува вкус на кој било начин. Дури мириса на пица! ќе се изненадите колку е интересно. Полнењето го оставаме на вашата фантазија.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1-2 глави карфиол
- 1 јајце
- Сол, бибер, оригано, и лук (во прав)
- Моцарела или кашкавал
- Маслинки
- Свежи печурки
- Свеж црвен кромид
- Сос од домати (може да направите домашен, а може да корисите и веќе готов сос од продавница)
Најпрво, загрејте ја рераната на 260 степени. Потоа искршете го карфиолот на ситни парчиња и ставете го во блендер или во процесор за храна (крајната смеса треба да биде ситна како ориз).
Наполнете голема тава со 2-3 цм вода и зовријте ја. Додадете го карфиолот и покријте го со капаче. Оставете го да се вари 4-5 минути и исцедете го низ ситна цедалка. Во голем и длабок сад ставете го исцедениот карфиол и додадете му едно јајце, сол, бибер, оригано, лук и моцарела. Убаво измешајте го за да изгледа налик „тесто“. На тава ставете хартија за печење и направете го тестото во форма на пица. Рерната би требало да е веќе загреана на 250-260 степени. Ставете ја пицата во рерна да се пече 15 минути. Кога тестото е скоро готово извадете ја пицата за да ја наредите со вашите омилени додатоци. Ние одбравме сос од домати, маслинки, црвен кромид, печурки и моцарела. Вратете ја пицата да се допече. Потоа намалете ја рерната на 200 степени. Вратете ја пицата со додатоците за да се пече уште 5-7 минути. Следете ја внимателно и внимавајте да не загори.
На здравје!