Лутејќи се поради уште една ситница, едвај размислуваме како страда нашето срце. Срцето никогаш не мирува, запомнете го тоа. Ни служи 24/7 и треба да го сакаме и негуваме. Изгледа дека често забораваме на тоа, а денот ни е проследен со низа лоши навики кои му штетат. Денес споделуваме со вас 25.
- Често патите од несоница или нарушувања на спиењето.
- Во принцип, вашиот живот е полн со стрес, вознемирени мисли.
- Пушите и пиете премногу кафе.
- Не пијате редовно зелен или црн чај, кој содржи флавоноиди (растителни хемикалии) познати дека го намалуваат ризикот од акумулација на артериски наслаги.
- Вашето мени често вклучува преработено месо, црвено месо.
- Имате вишок масни наслаги во пределот на половината или генерално имате прекумерна тежина.
- Имате навика да се „опуштате“ со алкохол навечер.
- Претерувате со консумацијата на кокосово масло.
- Го игнорирате депресивното расположение, заборавајќи дека нашето расположение има влијание врз нашето здравје.
- Го одржувате нивото на шеќер во крвта високо.
- Не се занимавате со спорт и воопшто не се движите доволно.
- Го игнорирате фактот дека во вашето семејство има историја на проблеми со срцето.
- Десертите во вид на слатки задоволства се секојдневна појава за вас.
- Не знаете кое е нивото на холестерол бидејќи не го следите, а истото важи и за шеќерот во крвта.
- Не го мерите крвниот притисок од време на време, дури и кога се жалите на главоболка.
- Вашето мени е „богато“ со транс масти.
- Имате лошо здравје на забите.
- Немате хоби кое ве исполнува со пријатни емоции и ви помага да го елиминирате стресот.
- Осамени сте, немате многу социјални контакти и сакана личност покрај себе.
- Не внесувате доволно омега-3 масни киселини.
- Конзумирате многу солена храна.
- Сами одлучивте да ги прекинете лековите за срце што ги препишал вашиот лекар.
- Не консумирате доволно свежа вода.
- Го претренирате вашето тело и не му давате доволно одмор.
- Вашето мени е сиромашно со свежо овошје, зеленчук, јаткасти плодови (без сол и ароми).