Доколку и вие работите осум до десет часа дневно, веројатно помислата за држење диета ви е на последно место.
За таа цел, ви наведуваме неколку одлични совети со надеж дека ќе ви помогнат конечно да ја остварите својата цел.
Доведете ја кујната во ред
Знаеме дека ова ќе биде ужасно макотрпно, но пробајте да ја сортирате сета храна во вашата кујна. Исфрлете ги намирниците кои изобилуваат со празни калории, а квалитетните намирници ставете ги на дофат на рака.
Одредете го времето за вежбање
Едноставно запишете го терминот за вежбање во вашиот телефон или нотес – со тоа постои поголема шанса да се држите до планот.
Припремете ги вашите оброци однапред
Одвојте неколку часа во текот на викендот за припремање на оброци за следната седмица, или барем одредете ги главните намирници – нека бидат што поедноставни. Намирниците кои можат да стојат неколку дена во фрижидер се вашата најдобра опција.
Не се ослонувајте на шеќерот и кофеинот
Во стресните ситуации кога сте во брзање, обично посегнувате по слатки или солени и масни грицки со цел да му ја пружите потребната енергија на своето тело. Меѓутоа, станува збор за голема заблуда – ваквите намирници ќе ве направат уште поуморни.
Носете здрави грицки насекаде со вас
Носете јаткасти плодови, јогурт, енергетски плочки (без додаток на шеќер) или било што здраво што може да го собере во вашата чанта. Освен тоа, наполнете ги вашите фиоки на работното место со квалитетни намирници.