ДВОЈНО ЧОКОЛАДНО БРАУНИ СО КАРАМЕЛА ОД ЈАБОЛКО И УРМИ

Потребни состојки:

За кора :

3 јајца

3 лажици кафеав нерафиниран / кокосов шеќер

4 лажици какао

4 лажици кокосово брашно

1 лажиче екстракт од ванила

1 лажиче прашок за пециво

170 гр. пире од јаболка

1 лажица мед

прстофат на сол за посипување

За карамела:

215 гр. урми без семки

120 гр. пире од јаболка

Сок од 1/2 портокал

За чоколаден фил:

200 гр. чоколадо

1 лажица кокосово масло

Начин на подготовка:

Во сад, изматете ги јајцата и шеќерот со миксер додека не се зголеми двојно (околу 4-5 минути). Додадете go какаото, ванилата, пирето од јаболка, медот и промешајте повторно барем уште 2 минути. Додадете го брашното, прашокот за пециво и мешајте додека смесата не стане хомогена.

Истурете ја смесата во плех за печење. Користете тава со големина 10х30 см.Печете околу 25 минути на 180 степени. Кога ќе го извадите тестото од рерна, не треба да биде целосно затегнато – ова ќе се случи кога ќе се олади.

За карамелата, натопете ги урмите во сад со врела вода околу 15 минути. Потоа внимателно исцедете ја водата. Додадете ги урмите, сокот од портокал и пирето од јаболко во блендер и мелете по вкус (можете да го направите целосно мазен или да оставите фини парчиња урми).

Кога основата ќе се испече и излади, време е да се стави чоколадото.

Прво, стопете го чоколадото со кокосово масло во микробранова печка или на пареа. Рамномерно распоредете ја карамелата врз основата, а потоа прелијте ја со чоколадото. Оставете го во фрижидер најмалку 3 часа или цела ноќ.