Состојки:
1 кг. брашно
11 гр. сув квасец
500 мл. свежо млеко
2 јајца
2 лажички шеќер
1 лажица сол
2 лажици масло
Фил:
350 гр. шунка
100 гр. кашкавал
3 – 4 лажици кечап
магдонос
1 лажиче оригано
Подготовка:
Растворете го квасецот во топлото млеко заедно со шеќерот. Посипете со малку брашно и оставете да се активира. Пресејте го брашното во сад. Истурете го квасецот и другите производи (без 1 жолчка).
Измесете меко тесто и оставете да нарасне. Поделете го на 4 дела. Секој дел исукајте го во правоаголна кора. Намачкајте со кечап, посипете со рендана шунка, кашкавал исечен на ленти и ставете ги зачините.
Корите засукајте ги како ролат и исечете ги на триаголни парчиња. Ролатите наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Оставете да стасаат околу 30-35 минути, намачкајте ги со жолчка измешана со млеко. Печете на 180 степени 35-40 минути.
На здравје!