ПОСНИ ЧОКОЛАДНИ ТРИАГОЛНИЦИ

Состојки:

250гр. шеќер
1 шолја вода
250гр. мелени ореви
100гр. сечкани ореви
150гр. стопено посно чоколадо
100гр. сечкано суво грозје
100гр. сечкани желе бонбони
За глазура:
100гр. посно чоколадо

Подготовка:

Измешајте го шеќерот со шолја топла вода, додека не се стопи.

Додајте ги оревите, и сечкани и мелени, стопеното чоколадо, сувото грозје и желе бонбоните додека добро не се соедини смесата.

Ставете ја смесата во триаголник калапи и ладете неколку часа во фрижидер.

Извадете ја смесата од калапот, прелијте со чоколадо, оладете уште малку, па сечете на парчиња.