Состојки:
путер
2 лажици мелени бисквити
900 гр крем сирење, омекнато
200 гр шеќер во прав
4 јајца
1 лажичка свеж сок од лимон
½ лажичка ванила
¼ лажичка кора од лимон
200 гр џем од кајсија
2 лажици вода
Подготовка:
Подмачкајте го калапот за чизкејк. Бисквитите измешајте ги со малку путер додека не се добие лепливо тесто. Притиснете ги добро мелените бисквити на дното. Потоа во друг сад измешајте го крем сирењето со шеќерот. Добро изматете се додека не добиете хомогена смеса. Потоа додадете ги јајцата едно по едно и повторно матете. Додадете го сокот од лимон, ванилата и кората од лимон. Промешајте и истурете ја смесата во калапот.
Печете на 170 степени во загреана рерна околу 50 минути. Изладете го целосно па премачкајте со џемот од кајсија кој сте го раствориле во вода.
На здравје!