7 ПРОФЕСИИ СОЗДАДЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА КОВИД-19

Пандемијата со Ковид-19 доведе до затворање на канцеларии, ресторани и хотели низ целиот свет. Во исто време, сепак, здравствената криза создаде некои нови професии.

1. Производители на заштитни маски насекаде во светот за време на пандемијата на коронавирусот
Иако повеќето маски потекнуваа од Кина, секоја земја беше принудена да произведува свои за да ги задоволи потребите на својот народ. Според информациите на CNBC, потрагата по маски ќе продолжи, дури и по ослободувањето од наредбата за нивна задолжителна употреба.

2. Луѓе кои ја мерат температурата
Луѓето кои ја мерат температурата на патниците на аеродромите, клиентите на рестораните или вработените во компаниите.

3. Експерти за одржување и поддршка на платформи за разговори на далечина
За време на пандемијата СОВИД-19, платформите како Zoom и Skype станаа секојдневие на учениците и луѓето што не беше задолжително да бидат на класичното работно место, и својата работа можеше да ја извршуваат на ваков online начин.

„Во моментов има огромна побарувачка за луѓе кои можат да организираат видео конференции“, изјави Јулија Полак од професионалната платформа ZipRесruitеr.

4. Тестери за СОВИД-19
Тоа се луѓе кои вршат брзи тестови во болниците, канцелариите и фабриките. „Потребата од тестери ќе стане уште поголема кога вработените ќе се вратат на своите работни места“, изјавува Полак.

5. Експерти за следење на контакти
Овие се специјалисти чија должност е да ги повикуваат луѓето кои се во ризичните групи.

6. Контролори за исполнување на карантинот
Овие се луѓе кои и помагаат на полицијата да го контролира карантинот.

7. Лични асистенти
Овие се луѓе кои им помагаат на постарите луѓе кои имаат СОВИД-19. Оваа професија се смета за ризична, бидејќи се заканува на здравјето на самите вработени.