ПЕЧЕН КОМПИР СО ЈАЈЦА

За љубителите на компири – овој рецепт е многу лесен и вкусен.

Потребни состојки:

1 кг компири

3 јајца

1/2 литар свежо млеко

100 мл масло

50 гр путер

сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Компирот се мие и се лупи, се сече на парчиња дебели 1 см и се посолува. Ставете во тава, истурете го маслото и печете во рерна на 170 степени околу 20-25 минути. Потоа истурете ја мешавината од изматените јајца и млеко и посипете со свежо мелен црн бибер. Печете уште 10-15 минути.

Извадете ги од рерна и прелијте ги со врелиот стопен путер. Послужете додека е топло.

На здравје!