Состојки:
1 багет леб
100 гр. путер
1 главичка лук
магдонос
копар
сол
Подготовка:
Оставете го путерот да омекне на собна температура. Потоа додадете го во него истолчениот лук и посолете по вкус.
Исечете ги ситно копарот и магдоносот и ставете ги во путерот. Мешајте сè додека не добиете убава хомогена смеса.
Исечете го лебот на парчиња и секое парче премачкајте го со сомесата.
Наредете ги лепчињата во плех обложен со хартија за печење и ставете ги во рерна загреана на 190 степени.
Печете 5-7 минути или додека поцрвенат брускетите.
На здравје!