ТЕЛЕШКО СО СОС

Производи:
1 кг. говедско филе
125 мл. теријаки сос
125 мл. црвено вино
2 чешниња лук, столчен
110 гр. сино сирење, иситнето
5 лажици мајонез
150 мл. павлака
1 и ½ лажички Ворчестер сос

Подготовка:
Ставете го телешкото месо во тава. Измешајте го сосот од теријаки, црвеното вино и лукот. Промешајте и прелијте го месото. Оставете да се маринира во фрижидер 30 минути до 1 час. Загрејте ја рерната на 230 степени.

Ставете го месото во загреана рерна. Печете околу 15 минути. Намалете ја температурата на 180-190 и печете уште 40 минути или до посакуваниот степен на печење. Оставете го месото да одмори 10 минути откако ќе го извадите од рерна.

За да го подготвите сосот, загрејте ја тавата на средна топлина. Во него измешајте сино сирење, мајонезот, павлаката и Ворчестер сосот. Измешајте добро додека не се изедначи. Послужете го месото пролеано со сосот.

На здравје!