МИНИ ЧИЗКЕЈК

Состојки:

150 гр. бисквити
70 гр. путер
400 гр. павлака
125 гр. крем сирење
3 лажици шеќер во прав
350 гр. џем од боровинки
желатин

Подготовка:
Започнуваме со основата. Бисквитите се мелат и се мешаат со стопениот путер. Пожелно е да се користи квалитетен путер за подобар вкус.

Силиконските калапи се ставаат во калап за мафини. Додадете една лажица од смесата и притиснете со лажица да се залепи смесата во калапите. Оставете во фрижидер додека путерот не се стврдне (околу 2 часа).

Во сад измешајте ги шеќерот во прав, павлаката и крем сирењето. Растворете половина пакетче желатин како што е наведено на пакувањето и додадете го во кремот.

Ставете лажица и пол во калапите и повторно оставете да се стврднат десертите.

Откако смесата е подготвена, растворете ја другата половина од желатинот и додадете ја во џемот. Ставете ја смесата во калапите и вратете ги повторно во фрижидер за да се затегнат.

На здравје!