РИЖОТО СО ПЕЧУРКИ

Состојки:

– 250 гр. печурки свежи
– 1 чешне лук
– 1/2 глава кромид
– 600 мл. супа (по избор коцка, пилешка, зеленчукова, говедска…)
– 50 мл. бело вино
– 220 гр. ориз
– 4 лажици маслиново масло
– 100 гр. пармезан
– црн бибер
– сол

Подготовка:
Загрејте 2 лажици маслиново масло во тава. Пржете ги претходно исчистените печурки и исечете ги на полумесечина.

Оставете ја супата да зоврие на оган. Во другите две лажици маслиново масло испржете го ситно исечениот кромид и лук, неколку минути на средна топлина.

Откако ќе омекнат, додадете го оризот и промешајте додека не се испржи стаклесто. Додадете го белото вино и мешајте додека не се впие од оризот.

Почнете да додавате од зовриена супа лажица по лажица, мешајте по секоја додека не се апсорбира од оризот.

На крај додадете ги пржените печурки и пармезанот, измешајте добро и послужете го рижото топло.

На здравје!