Состојки:
- неколку парчиња застоен леб
- 4 јајца
- 30 мл масло
- 1 чаша јогурт (180 гр.)
- малку спанаќ
- Сирење фета
Подготовка:
Изматете ги јајцата, па додадете масло, јогурт, сол, бибер и одмрзнат спанаќ.
Мешајте со жица по секое додавање.
Подмачкајте ја тавата, наредете го лебот на дното (покријте ја целата тава) и прелијте ја со мешавината на јајца.
Ставете ги парчињата фета и печете во рерна на 180 целзиусови околу 25 минути.
Извадете ја питата, изрендајте го сирењето и вратете да се пече уште 5 минути.