ТОРТА КАРАМЕЛ ВО ДВЕ БОИ

Состојки за кората:

  • 4 јајца
  • 100гр. кристален шеќер
  • 2 лажици вода
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици масло
  • 100 гр. брашно
  • 2 лажици какао во прав
  • 1 прашок за пециво

Состојки за фил:

  • 800мл млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 3 пудинзи од карамела
  • 200гр путер
  • 10 лажици кристален шеќер
  • 400мл слатка павлака
  • 1 желатин

Подготовка:

Измешајте ги белките, додадете го шеќерот, потоа жолчките, водата, млекото и маслото. Продолжете со мешање и додадете го брашното, какаото и прашокот за пециво. Истурете ја смесата во плех за печење и печете на 200 степени околу 15-20 минути.
Во врелото млеко додадете пудинг, шеќер, ванилин шеќер и путер и варете ги додека не се згуснат. Ставете го филот врз изладениот бисквит. Ставете мешана павлака одозгора и додадете го желатинот. Украсете по желба.

На здравје!