БИДЕТЕ ВОЛШЕБНИК ВО КУЈНАТА: НАПРАВЕТЕ ДЕЛИКАТЕС КАКОВ ШТО НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ ПОРАНО!

Состојки:

  • 350 гр мл. месо
  • 1 кромид
  • 1 јајце
  • 1/2 лажиче лук во прав (или 2 чешниња свежи)
  • бибер…сол
  • 1лажичка црвен пипер
  • 3 лажици презла
  • малку маслиново масло

За прелив:

  • 150 гр тврдо сирење
  • 100 гр сирење
  • 2 лажици павлака
  • 100 мл јогурт
  • 2 варени јајца
  • сол, бибер, босилек, оригано
  • магдонос
  • компири
  • шери домати

Подготовка:

Во меленото месо додадете ситно исечен кромид, јајце, лук, црвен пипер, бибер и сол и измешајте сè добро.

Сварете две јајца и кога ќе се оладат наредете ги во сад. Додадете ги ренданото сирење, павлаката, јогуртот, малку сол и црн бибер. Додадете ги босилекот и ориганото и на крај сецканиот магдонос. Изедначете ја смесата.

Подмачкајте тава 35х25 со маслиново масло. Наредете ги компирите (исецкани на кругови)на дното. Со рацете обликувајте од месото кругови и ставате го над компирот. Над секој круг ставете полна лажица прелив од сирење и намачкајте.

Одозгора изрендајте го уште едното парче сирење, и ставете шери домат. Печете на 190 степени 50-60 минути. Послужете со салата , супа…

Уживајте во фантастичното јадење кое кога ќе го пробате ќе ви стане омилен рецепт!

На здравје!