Ако сакате ќофтиња од компир, пробајте го овој рецепт, кој вклучува ореви.
Потребни состојки:
1 кг компири
50 гр путер
100 мл масло
100 гр кромид
150 гр сирење
3 јајца
50 гр брашно
100 гр ореви
500 гр јогурт
1/2 магдонос
1/2 копар
сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
Компирите се мијат и варат во солена вода, се лупат додека се топли, а кога ќе се изладат, се рендаат на ренде. Додадете ситно исечен кромид и магдонос, рендано сирење, јајца, сол и бибер по вкус.
Од смесата се формираат ќофтиња, кои се панираат во брашно и се пржат во врела маст. Послужете со јогурт, мелени ореви и ситно сецкан копар.
На здравје!