Состојки:
- Густин од 20 гр
- 60 гр еритритол
- 100 гр овесни снегулки
- 300 гр цреши
- 100 гр ореви
- 100 гр мед
- 30 гр какао
- 500 гр сирење маскарпоне
- 100 гр урми
- 50 мл вода
Подготовка:
Ставете цреши во тавата и посипете ги со еритритол. Додадете го густинот растворен во вода. Се вари 3-4 минути. Оставете да се излади. Урмите потопете ги во вода, оревите и овесните снегулки измелете ги во блендер.Урмите со водата ,оревите и овесните снегулки измешајте ги па ставете се зедно во плех со дијаметар од 18 см формирајќи кора.
Измешајте сирење, мед и какао. Изматете со миксер. Рамномерно распределете ја смесата преку кората.
Ставете ја палачнката во фрижидер пред сервирање.
На здравје!