ТОПЧИЊА СО КАШКАВАЛ

Дури и ако сте на диета, дури и ако избегнувате тестенини, тешко е да бидете искушувани од аромата што се носи во кујната откако овие топчиња ќе излезат од рерна. Рецептот за овие солени топчиња со кашкавал е брз, погоден и за појадок.

Потребни состојки:

200-250 грама кашкавал

1 кг брашно

20 гр свеж квасец

2 лажичиња сол

500 мл вода малака топла

1/2 лажиче шеќер



Начин на подготовка:

Квасецот, заедно со шеќерот и солта се раствораат во малку вода и се остава околу 10-15 минути во топла просторија.

Потоа додадете го преостанатото, брашното и водата и месете го тестото. Оставете го во топла просторија додека не се зголеми двојно волуменот.

Тестото се формира во топчиња, во кои се ставаат парчиња или рендан кашкавал.

Печете во тава околу 30 минути на 180-190 степени. Топчињата треба да станат златни одозгора.

Послужете топло!

На здравје!