РЕНДАН КАШКАВАЛ ВО РЕРНА

Ако обожавате кашкавал, овој рецепт е совршен за вас бидејќи е лесен и се подготвува многу брзо.

Потребни состојки:

400 гр кашкавал

2 чаши свежо млеко

50 гр путер

4 јајца

1 чаша брашно

црн бибер и сол по вкус

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата,путерот, млекото и брашното заедно и на добиената хомогена смеса додадете го претходно изренданиот кашкавал, малку сол и бибер.

Промешајте ја смесата, истурете ја во тава со загреано масло и печете ја во рерна на умерена температура до златно-кафеава боја. Завршеното јадење се сече на делови и се сервира веднаш.

Наздравје!