НЕ ВИ ОДИ ОД РАКА ГОТВЕЊЕТО, НО САКАТЕ ДА ГИ ИЗНЕНАДИТЕ САКАНИТЕ-ОБИДЕТЕ СЕ СО ПОТПЕЧЕНИ КОМПИРИ И ПАВЛАКА

Состојки
5-6 компири
200- 250 гр. кашкавал
250 мл. неутрална павлака (хопла)
малку масло
вегета и бибер по вкус

Подготовка



  1. Состојките се за плех од шпорет. Ако правите во помало тавче намалете ги.
    Се лупат компирите и се сечат на кругови колку што може потенко. Се редат на намастен плех скалесто додека да се исполни целиот плех. Зачинете одозгора.
  2. Врз компирите се ренда кашкавалот да се покријат компирите и потоа рамномерно насекаде се сипува од павлаката.
  3. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40-45 минути се додека компирот да се испече и одозгора да добие убава румена боја.

Лесна и вкусна варијанта за подготовка на компир која не одзема многу време.

Добар апетит!