ЦАРСКА ПИТА СО НЕОДОЛИВ ВКУС: ЌЕ ВИ СТАНЕ ОМИЛЕНА СЕМЕЈНА ВЕЧЕРА!

Состојки:

  • 200 гр меко сирење
  • 200 гр шунка
  • 200 гр пиперки
  • 200 гр корнишони
  • 3 јајца
  • 3 чаши кисела вода
  • 2 чаши масло
  • 5 чаши брашно (тип 400, меко)
  • 1 прашок за пециво
  • сол по потреба

Подготовка:

Исечете ги сирењето, шунката, пиперките и корнишоните на мали коцки. Изматете ги јајцата, маслото, киселата вода и додадете го брашното со прашокот за пециво. Ако сирењето е солено, не мора да додавате сол, а доколку е помладо, додадете лажичка сол. Измешајте ги сите сецкани состојки во смесата. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 250 степени. Кога ќе го ставите да се пече, намалете го на 200 степени и печете половина час.

На здравје!